ФБ Статуси

Боби Георгиевски му одржа лекција на Зоран Ивановски од Интегра: Како може да биде конкурентен гасовод (кој вие го нарекувате навтовод) и кој е планирано да се гради дури во 2025 (знак прашање е дали ќе се изгради или ќе заврши како нафтоводот кој америте планираа да го прават од кавказот до крајбрежјето на Албанија). За истиот евентуално би требало да земеме кредит и да зависиме од Грција???

фото. Зоран Ивановски

Блогерот Боби Георгиевски на својот фб профил го изнесе својот став по повод видео излагањето на М-Р Зоран Ивановски од партијата Интегра,во врска со плановите на неговата партија за гасификација на Македонија  со израелски новооткриен гас кој според нив би  се дистрибуирал преку американски компании.На постот на Георгиевски реплицираше Ивановски по што се разви дебата помеѓу двајцата кои ги вкрстија своите аргументи.Во продолжение го пренесуваме ставот на Георгиевски,а на крајот на текстот го ставивме линкот од социјалните мрежи каде изворно ќе може да ја  прочитате целата преписка.

Во детските игри има барем некаква логика, детска е ама сепак логика. Во вашите настапи пред јавноста, во кои презентирате наводни спасоносни решенија за македонскиот народ, за жал нема ама баш никаква логика. И да расчистиме уште на почеток, јас не озборувам, туку како жртва на манипулантски политики на таквите како тебе, чувствувам потреба, но и должност пред својот народ, да ја разоткријам ова штетна манипулација која вие ја спремате.
Во вашата наводна одбрана од моите „озборувања“ поставувате неколку прашања кон претходните влади, критикувате политики од енергетскиот сектор, сосема со право и тука ве поддржувам, но за жал нудите квазирешенија поради кои и реагирав.
Одговорот на сите тие прашања но и причината за вашето квази решение, вие вешто се обидувате да го заобиколите, но народот јасно го гледа на вашата задна лева страна, а појаснувањето на вашата предна лева страна (гледано од ваша перспектива или обратно од перспектива на гледачот). Царот е гол. Сад, знамето зад вас лево, намерно не држат на ниво на развој кој бил во годината во која е произведена машината за пишување, пред вас лево. Проблемот за скоро сите проблеми на Македонците е во англосаксонската долгогодишна политика спрема балканот, односно во вашиот случај политиката на САД кон Македонското прашање. Ова македонско прашање преку претходите две партии кои вие ги критикувате, но и преку вас и уште некоја од новите, англосаксонците се обидуваат да го затворат, но на наша штета (политиката и дејствувањето на циа и војската на САД во егејскиот дел на Македонија за време на 2св но и до денеска, проблематизирањето на името во деведесетите, војната 2001, рамковниот, територијалната и квазипризнавањето на името од америте за да го разбијат референдумот, наметнувањето на двојазичноста како вовед во федерализација, преспанскиот . . . . ова крај нема).
Е сега, во однос на повеќедимензионалноста на проблемот со гасификацијата и вашата манипулативна анализа, ќе ви го кажам следното.
1. Законската регулатива, секундарната мрежа и добар дел од примарната, во Македонија доцнат од политички причини, а тоа е силното влијание што САД и Германија го имаат врз досегашните владеачки партии и кочењето поради нивни стратешки интереси а на штета на македонскиот народ. Како што гледам и вие сте накитени со исти перја. Единствено Струмица предничи со изградбата на секундарна мрежа, со метод кој вие го предлагате, централна станица за декомпресија на високопритисни цистерни. При изграден гасовод, Заев го носи со камиони, будалаштина. Но од оваа временска перспектива сфаќаме и зошто, тоа беше главниот адут за да го изрекламираат Заев, оти колку е беден кутриот нема со што да го пофалат. Она со јадењето на живи луѓе слабо му поминуваше. Но повторно америчкиот проект во Струмица ги примора да плаќаат поскап гас од кумановци, кај кои делумно е изгерадена секундарната мрежа, и пак повисока цена поради методот кој вие го предлагате а е во интерес на САД.2. Сугерирате дека е потребен стабилен добавувач и тука го посочувате блискиот исток, кој е синоним за политичка и воена нестабилност и тоа баш поради истата причина, мешањето на империјалистичко-колонизаторските сили а пред се САД и В. Британија. Мислам дека нема потреба од понатамошно образложување. Сакате да кажете дека германците се обезбедуваат со нестабилност со северен ток 1 и 2.
3. Конкуренција за ниска цена. Како може да биде конкурентен гасовод (кој вие го нарекувате навтовод) и кој е планирано да се гради дури во 2025 (знак прашање е дали ќе се изгради или ќе заврши како нафтоводот кој америте планира да го прават од кавказот до крајбрежјето на Албанија). За истиот евентуално би требало да земеме кредит и да зависиме од Грција??? Идиотизам. Од друга страна го имаме гасоводот Гама 800, кој е влезен и ставен во функција во Македонијка пред повеќе од 20 години. Гасовод кој воопштено кажано го добивме скоро како поклон (во замена за отплата на дел од рускиот долг кон Југославија). Истиот од политички причини (повторно англосаксонски) до денеска е ставен во употреба едвај 15%, а поради тоа и високата цена на истиот, високи трошоци за одржување на линијата по м3 испорачан гас. Истиот ќе беше дури и поскап ако не беше руската инвестиција, гасната термоелектрана ТЕТО. Пак тие проклети руси.
4. Случувањата во светот. Перјата со кои ве накитиле (а со кои се китеа и сеуште се китат учк, она, дуи, исил, бандеристите во Украина . . .) наголемо се митарат насекаде по светот. Па во тој контекст можеби и ќе излезете во право за блискиот исток како стабилен извор на енергенси, бидејќи Русија и Кина со својата се поголема доминација таму наголемо го стабилизираат регионот.
5. А за јужниот тек ќе се обидам да смислам една приказна. Пробаа русите да ни изградат уште еден гасовод, кој сега ќе беше транзитен и за кој ќе наплаќавме транзитна такса, ама повторно добрите амери не спасија од тоа зло.

Си имал некој човек лада која ја добил на поклон, руска е, ама сепак го носела до работа. Дошол некој русин и му понудил на човекот да му продаде за пола цена комбе Уаз, со кое пак може да си оди на работа, но и да ги превезува колегите, со што цената на одење до работа драстично ќе му се смали. Е сега, доаѓа американецот убаво облечен и со скап револвер на појасот, а до гуша заглавен во долгови кон Кина, го вади револверот и му вика на човекот, ладата по итно да престанеш да ја возиш, оти е руска, оди задолжи се во мојата банка со најголема камата, и уплати си луксузен кадилак кој ќе ти го испорачам 2025 година, а можеби и нема, а дотогаш, а можеби и цел живот, ќе си одиш пеш.
Царот сепак е гол, но овојпат тоа не го кажува едно дете, туку цел еден народ. Тоа во коментарите погоре јасно се гледа.

 

Related posts

Leave a Comment