Религија

БОГОМИЛИТЕ, СВЕТИОТ ГРАЛ КОЈ МАКЕДОНЦИТЕ МУ ГО ПОДАРИЈА НА ЧОВЕШТВОТО

Многумина од вас го гледале „Кодот на Да Винчи“, ја читале книгата на Ден Браун, прочитале некоја друга книга или гледале документарна емисија за катарите, темпларите, трубадурите и другите предвесници на европската Ренесанса. Но, колкумина од вас знаат дека идејата за хуманизам и културна преродба се родила токму тука, во Македонија?

Кон крајот на деветиот век, 600 години пред Да Винчи да ја наслика својата „Тајна вечера“, на ридестиот Балкан се појавува Богомилството, духовно и социјално движење на кое по своето влијание и значење во модерната европска историја му нема рамно. Многу од придобивките на слободните демократски и секуларни општества, кои денес ги сметаме за неприкосновени права и привилегии на секој човек, се резултат на повеќевековната борба што ја започнале токму богомилите.

Историјата на богомилите би можела да се раскажува на долго и на широко, но неколку значајни податоци би ви биле доволни да создадете претстава за што станува збор.

Богомилството се појавило во Македонија, на рабовите на тогашна Византија, во време на политички и религиозни превирања. На овие подрачја често се менувале државни и религиозни власти, па затоа тие претставувале идеална почва за раѓање и развивање на независни, слободоумни идеи. Од тука, со текот на годините, богомилството се раширило низ целиот Балкан (во средновековна Босна тоа било и државна религија), а оттаму во Северна Италија и во Јужна Франција.

Богомилството – првата Ренесанса - bobi

Богомилите се познати во историјата под многу имиња. Во Србија се нарекувани бабуни, во Босна патарени, а во Северна Италија и во Јужна Франција – албигојци и катари. Доказ за тоа дека сите овие се само различни имиња на богомилството, претставува фактот дека на големиот „еретички“ собор во Сан Феликс де Караман претседавал драговитскиот богомил Никита и дека, според известувањата на Бонакурс од Милано, еретичките заедници на Запад биле организирани по углед на драговитската. Драговитија се нарекувала територијата околу и западно од Солун, што значи територијата на Јужна Македонија, која била населена од Драговитите, средновековно македонско племе. Драговитите, заедно со другите македонски племиња (Сагудати, Ринхини, Смолјани, Струмјани, Брсјаци, Велегизити, Војнити и др.), потпаѓаат под бугарска власт дури кога на чело на бугарското царство застанува Симеон (893-927). Се дотогаш, тие живееле во племенски сојуз со децентрализирано демократско општествено уредување. По нивното освојување, Симеон почнува да ги уништува родовско-племенските форми, а со тоа и демократскиот начин на живот. Бидејќи сето тоа се случувало непосредно пред и за време на појавата на богомилското движење, сосема е логично, богомилското социјално учење за еднаквоста на сите индивидуи да се набљудува, во извесна мера, како реакција на Симеоновите обиди за централизација и хиерархизација на општеството.

Приказната за Богомилите и водопад Бабуна – Adventure Trails

Влијанието на богомилското движење може да се забележи во македонската архитектура, литература и уметност. Примери има многу, а за илустрација може да ни послужи мијачката традиција. Според етнолошките истражувања, Мијаците се доселиле во реканскиот крај помеѓу 9 и 12 век, од областа околу Солун и се смета дека се дел од поголемата племенска групација на Драговитите. Бидејќи не се мешале со луѓе надвор од своето племе, како и заради непристапноста на краиштата во кои се населиле, традиционалната култура кај нив се одржала во чиста форма се до почетокот на 20 век. Тие го задржале родовско–племенското уредување; одлуките ги донесувал племенскиот совет, а последниот познат собир на племенските старешини бил одржан во 19 век.

Најголема потврда за длабоката врска помеѓу нив и драговитските богомили е традиционалното мијачко почитување на богомилските симболи и нивното сочувување, особено во нивната архитектура и уметност.

Bogomiller için 9 fikir | arkeoloji, tarih, mitoloji

Мијачките градители го употребувале бигорот како градежен материјал, иако го немало во тој крај во големи количини, па тие го носеле со коњи од Кичевско и Охридско. Фактот што бигорот е порозен и не обезбедува долготрајност, за разлика од различните видови на седиментни карпи и гранити, кои ги има во изобилство во реканскиот крај, покажува дека тој е користен заради симболиката, а не од други причини. Инаку, како религиозна параферналија богомилите на себе носеле само бигорен камен што ја симболизирал чистината на срцето.

Секоја мијачка куќа имала параклис. Параклис е мала просторија која служи за лична молитва, без никакви знаци и обележја. Богомилите биле иконокласти, што значи дка не прифаќале никакви визуелни претстави на божественото.

Племенското знаме на мијаците е полумесечината со ѕвезда, уште еден богомилски симбол што недвосмислено ја потврдува моќта на традиционалната богомилска духовна култура, која останала недопрена од туѓи влијанија во овие тешко пристапни краишта.

Богомилското движење и неговите импликации - МЕЛАНИЈА ШЕРДЕНКОВСКА

Богомилството било првото масовно движење, кое директно се спротивставило на Црквата како врховен авторитет во духовниот живот. Всушност, богомилите воопшто немале официјална црква, ниту свештенство, па затоа излегувале од вообичаената шема на еретички учења. Прогонот на богомилите почнал уште на самиот почеток на нивното делување, од страна на византиските авторитети, а достигнал кулминација во Четвртата крстоносна војна, насочена против еретиците во Јужна Франција.

Според богомилите, хармоничен соживот и општа благосостојба може да се достигне во овоземскиот живот, во праведна општествена организација. Тие се залагале за активизам, а не ја признавале ниту тогашната световна власт, која според нив не се засновала на праведни принципи и не подразбирала еднаквост за сите. Бидејќи не признавале никаква предодредена хиерархија, би можело да се каже дека богомилите биле првите комунисти, односно, првите анархисти.

Богомилите учеле на толеранција, разбирање и еднаквост на сите луѓе. Најголемата доблест што човек може да ја поседува според богомилите била трпението. Тоа подразбира мирен дух, отпорност на искушенија и одмереност.

Во богомилските заедници мажите и жените имале еднакви права и статус. Жените можеле да ги извршуваат сите функции во општеството, вклучувајќи ја и свештеничката. Се разбира, бидејќи кај богомилите немало строго определена црковна хиерархија, под свештеник се подразбирало човек кој го шири знаењето со збор и во дело.

The Bogomils in Macedonia - Medieval Roots of Protestantism, Renaissance and Socialist Movements The Secret Book of Bogomils

Богомилите учеле на ненасилство. За нив пролевањето крв било најголем грев. Тие не убивале ниту животни. Така, за време на крстоносниот поход против катарите и албигојците во Каркасон, Јужна Франција, католичката инквизиција го злоупотребила овој податок во својата кампања на гонење и убивање еретици. Имено, богомилите воопшто не го сметале формалното изјаснување на припадност за важно, па ги поттикнувале своите припадници да лажат за нивната вероисповед, ако нивниот живот или животот на некој друг зависи од тоа. Кога инквизицијата го освоила Каркасон, стотици од нив се изјасниле како католици. Но, како доказ за тоа инквизицијата побарала од секој поединечно да заколе куче. Згрозени од идејата да одземат туѓ живот, повеќето од нив одбрале доброволна смрт. Во истата војна против еретиците, кога заповедникот на освојувачите, Arnaud бил запрашан за тоа како да се разликуваат катарите од католиците, тој одговорил: „Caedite eos. Novit enim Dominus qui sunt eius.“ (Убијте ги сите, Бог ќе ги познае своите.)

Богомилите се нарекувале себе „христијани“ или едноставно „добри луѓе“. Тие учеле дека вистински христијанин се станува само во срцето, а не преку ритуали и формална припадност кон црквата.

Љубовта ја сметале за врвен принцип преку кој човек може да се продухови и да се оствари во потполност. Тие не го гледале телото како грешно, ниту пак физичката љубов и репродукцијата. За нив животот бил божји дар, кој треба со мудрост да се искористи. Богомилското влијание во европската хуманистичка преродба е несомнено. Тие први го воздигнале човекот до ниво на нешто свето врз кое треба да се сконцентрира сета духовна и креативна енергија. Ако се запрашате што се случило со богомилството по последните прогони, ќе наидете на мистериозност и недостаток на факти.

Богомилството се одржало до ден денес, голем дел богомилски старци се засолниле во манастири и пештери, како би се заштитиле од прогонот на државата и со тек на време развиле нова мистична форма на црковниот аскетизам наречен Исихизам, која православната црква посебно на истокот после многу обиди да го дискредитира, конечно го прифатила како неотуѓив дел од православието. Исусовата молитва Господи Исусе Христе, сине Божји, помилуј ме грешниот/та е врвна тајна на наследниците на Богомилите, Исихастите.

Related posts

Leave a Comment