Бојан Јовановски – Боки 13, пристигна во Обвинителството за организиран криминал кадешто треба да даде исказ како првоосомничен за случајот „Рекет“.
Тој веќе неколку месеци е во истражниот затвор во Шутка, а пред неколку дена Апелација ја отфрли неговата жалба -притворот да му биде заменет со поблаги мерки.
Во аферата „Рекет“, покрај Бојан Јовановски – Боки 13, осомничени се и бизнисменот Зоран Милески – Кичеец, кој е во домашен притвор и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, којашто е во притвор во истражниот затвор во Шуто Оризари.
Се сомничат за изнуда од 1,5 милиони евра од скопскиот бизнисмен Јордан Камчев во замена за ослободување од притвор.