По вчерашната средба со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, за време на состанокот во Загреб,Борисов охрабрен даде изјава за медиумите во која го постави својот ултиматум.
„Синоќа разговарав со колегата Мицкоски. Антибугарската реторика која тие ја користат треба да ја заборават и да сфатат дека е погрешна. Доколку некој од нив каже дека Бугарија е фашистички окупатор, тогаш нема да добијат помош од нас, затоа што не сме окупатори, а историјата нема да се менува. Никогаш нема да дозволам на Бугарија да и лепат таква етикета“, истакна Борисов за Спутник.