Свршеницата на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери Симондс, се породи утрово и донесе на свет машко бебе.
Мајката и детето се добро, изјави портпаролот на парот, додавајќи дека се пресреќни што станале родители.
„Премиерот оваа пригода би сакал да им се заблагодари на сите вработени во здравствениот систем во “, порача портпаролот на Џонсон.
Џонсон (55) и неговата избраничка Кери Симондс (32) во март најавија дека очекуваат принова „порано во текот на летото“. Во тоа време, тие ја известија јавноста дека се вериле кон крајот на минатата година.
Веста за пристигнувањето на приновата во домот на премиерот доаѓа само неколку дена откако Џонсон се опорави од коронавирусот. Неговата вереничка исто така беше заразена со вирусот.
Според британскиот портал Телеграф, Џонсон претходно најави дека може да земе породилно отсуство за татковци.