Британскиот министер за одбрана Бен Валас разговарал преку програмата Мајкрософт Тимс со лажен повикувач кој се претставил како премиер на Украина.
Извор од Министерството за одбрана изјави дека ова е „прилично софистициран“ видео повик кој не бил испратен до приватниот мобилен телефон на г-дин Валас. Изворот рече дека повикот дошол преку „вториот владин оддел“, што го зголемило неговиот кредибилитет. Лажниот украински премиер стоеше, едвај видлив, покрај украинското знаме. За Би-Би-Си беше кажано дека повикот до Валас вклучувал некој што се претставувал како украинскиот премиер Денис Шмихал и поставувал серија „луди прашања“. Министерката за внатрешни работи Прити Пател тврди дека добила сличен, лажен повик претходно оваа недела.
Бен Валас напиша на Твитер по повикот: „Ниту една количина на руска дезинформација, искривување и валкани трикови не може да го оттргне вниманието од руските кршења на човековите права и нелегалната инвазија на Украина. Очаен обид“.
Џејмс Хепи зборуваше за Скај њуз за ситуацијата и го бранеше Валас: „Валас многу добро ја разбира заканата и е свесен дека бил на повик што може да се прислушува. Повикот на почетокот беше нормален, рече тој, но кога повикувачот почна да поставува „поостри прашања“ кои вообичаено не би биле поставени, Валас се сомневаше и ја спушти слушалката“, вели Хепи.