Бихаќ – Нова тепачка на мигрантите во Бихаќ се случи синојќа околу 22 часот, која ги вознемири жителите на околните згради, кои беа разбудени од стенкање, бучава, вресоци и звуци од удари.
Видеото објавено од еден од станарите покажува група од најмалку седум мигранти.
Едниот од нив бегајќи падна на земја, а другите продолжија да го удираат додека тој врескаше од болка.
Граѓаните на Бихаќ се налутени затоа што, како што пренесува Klix.ba, ваквите непријатни сцени се случуваат секојдневно.
Првично, тие ги обвинија локалните власти, кои, според нив, му дозволиле Бихаќ да го носи товарот на мигрантската криза, заедно со Велика Кладуша, а потоа и повисоките нивоа на власт кои не сакале да помогнат во решавањето на овие проблеми.