Свет

Бугарија прогласи двајца руски дипломати обвинети за шпионажа, персони нон грата

Bulgarian Foreign Minister Ekaterina Zaharieva EPA-EFE/SERGEI CHIRIKOV

Не се обезбедени докази кои потврдуваат дека нивните активности биле некомпатибилни со нивниот статус, коментира Руската амбасада во Бугарија

Бугарските власти прогласија двајца руски дипломати обвинети за шпионажа, персони нон грата, информираше Руската амбасада во Бугарија, денес, по изјавата на министерката за надворешни работи на Бугарија,Екатерина Захариева.

„Рускиот амбасадор во Бугарија беше повикан во бугарското Министерство за надворешни работи, каде му беше доставена нота за прогласување на дипломатот персона нон-грата и за прогласување на вработен во трговската мисија за непожелна [личност] во согласност со Виенската конвенција. Не се доставени никакви докази со кои се потврдува дека нивната активност е некомпатибилна со нивниот статус. Русија го задржува правото да превземе против мерки “, велат од амбасадата.

Руската дипломатска мисија истакна дека одлуката на Бугарија да шири информации за дипломати во јавниот простор пред официјално да ја извести амбасадата, не била во синхронизација со „традиционално конструктивните односи меѓу двете земји“.

Не е дадена информација за рокот за заминување на руските дипломати.

Претходно, бугарското обвинителство објави на својата веб-страница дека се започнати предистражни истраги во кои учествувале двајца руски дипломати како дел од случајот за шпионажа. Според обвинителите, нивните незаконски активности вклучуваат влијание на избори и енергетски сектор. Во согласност со одредбите на Виенската конвенција за дипломатски односи, Бугарија покрена кривична постапка против двајца државјани на Русија. Обвинителството во Софија тврди дека постојат основи за нивно обвинение.

Related posts

Leave a Comment