Буда (Buddha) дословно значи “разбуден” и единствениот сроден со сите Индо-Европски јазици е Славјанскиот збор “буден-будан”, и го носи потполно истото значење. Буда е истотака Словенско лично име, заедно со имињата Будимир и Будимка. (машко и женско).
Сега ќе ви презентирам еден интересен податок, имено, во античките текстови, Буда, истотака се нарекува и “Арја (види: Arya – Buddhism)“, збор кој има исто значење како и зборот “Аријец-Аријан-Ариј“, збор кој означува благородник, племич, аристократ, духовно буден, но малкумина знаат дека овој збор истотака означува и “Бело“.
Една од 32-те карактеристики за Будината физичка појава се длабоко сините очи – карактеристика 29.
Зборот “buddha” потекнува од санскритскиот корен “budh“, кој значи да знаеш, да бидеш пробуден. Затоа Словенскиот израз за Буда е Буден. Кога се пробудувам постанувам Буда. Кога ќе постанам свесен за вистината, која е во сегашниот момент, се будам. Буден е човекот кој се пробудил од сонот на постојаниот материјален свет во светлото на вишето разбирање. Принцот Гаутама не бил единствениот Буда на светов. Неговата особеност е историјска, културна, важи како голем учител, не како божји пророк на земјата, бидејќи прашањето за бога во оквирот на будизмот е неважно. Поради одредена природа поголемиот дел на будистичката пракса ни се чини нам дека будизмот е религија, иако само тоа така изгледа на прв поглед. Будистичкото мислење тече на поинакво ниво. До извесна мера е психолошка наука: тежок облик на спознавање на самиот себе и својата улога во светов. А со тоа е уметност на поврзување со стварноста. И така состојбата на духовна будност во суштина е оптимално душевно здравје….
Буда припаѓал на Шакја Кланот, каде ова име ни дава диркетен патоказ дека тој припаѓал на Саките (Шаките) – Персијското и Санскритското име за Скитите. Имено, поимот Сака постанал и арапски термин и за Словените. Инаку Скитите и нивната подгрупа Сарматите, знаеме дека биле Прото-Словенски народи, кои тргнале да мигрираат јужно кон земјата Дравидија, која со нивното доаѓање ќе биде наречена Индија-Барата.
ЗА СКИТСКАТА ИМПЕРИЈА ВЕЌЕ ИМАВМЕ ПИШАНО ТЕКСТ: ВЕЛИКА СКИТИЈА – АНТИЧКАТА СЛАВИЈА.
Затоа Буда, меѓудругото, истотака бил познат и како Сакјамуни (Шакјамуни) во превод мудрецот од Шакја Кланот.
Кога Хитлер ја испратил нацистичката експедицијата на чело со Химлер на Тибет 1938 во своите истражувањата за корените на Аријското потекло, тие довеле назад со себе статуетка позната како “железниот човек“, изработена во непознат период, на 10 000 години стара метеоритска картпа. Недвосмислено за мене, е дека таа го представува Буда, но научниците се внимателни со заклучоците иако тој има јасен Кавказоиден изглед (инаку поимот Кавказоидна Раса е само западен термин за означување на Белата Раса) и носи Скитски граден околоп и Бригиска капа. За целата приказна види на – livescience.
Железниот човек
Јасно се гледа дека тој бил Скитиец (Шакјанец, Scythian, Shakyan), и ова воопшто не е необично. И Шакјаните , (The Shakyans, Sakas, Sakkas, и Sakyas) ја контролирале територијата помеѓу Парсија (Персија, Иран, Ариан) на запад, Индија (Гандхара, модерен Пакистан) на истокот, и далеку на север кон Казакстан (Козачката земја) и Украина (целата земја се нарекувала Скитија од древните Хелени), одејќи од Централна Азија (Асија) па се до Северна Азија и Источна Русија.
Буда за самиот себеси рекол ( во – The Story of the Lineage , Nidana Katha, преведена од Рис Давидс вклучително и во неговото дело Јатака, Buddhist Birth-Stories) – дека тој припаѓал на “соларната раса“, благородник (ариј), дека тој бил одведен во Индија и ја носел титулата akshatriya (воин) – каста на ројалистичка класа, племство. Подоцна Гаутама постанал духовно просветлен односно – БУДА.
Храм на Буда, каде е представен со типична Скитска Облека. The “Monastery of Tranquil Felicity” or Amarbayasgalant Monastery (MongolianАмарбаясгалант хийд,Amurbayasqulangtu keyid; Manchu Urgun Elhe Sy, Chinese 慶寧寺) is one of the three largest Buddhist monastic centers in Mongolia.
Во полу-лотусна поза која многу потсетува на Буда е приказот на Гаундеструповиот котел , напревен во 3-тиот век п.н.е. во Тракија, кој што е веќе споредуван со Пашупати печатот од Мохенџо Даро културата. Обете култури се поврзани со Аријските племиња, но уште поважно е дека тие говорат за взаемна конекција.
Детал од Гаундеструповиот котел, внатрешна плоча А
Паушпати печатот
Освен овој познат котел, во праисториската Европа постоеле многу “Келтски” фигури на божества каде археолозите ги нарекуваат фигури со“Будина поза”. Истотака, некои од најраните представи на Буда се токму од Хеленскиот период, односно од Балканските народи.
Хелнската фигура на Буда
Поради јогата, “Лотус позицијата” денеска вообичаено не асоцира и не поврзува нас со Азија, но најраните докази за ова потекнуваат од погребалните парцели на културата во Лепенски Вир, 9600-6000 г.п.н.е. во денешна Србија. Повторно се јавува во Јамна културата во Украина, 3500-2000 г.п.н.е. од каде што Скитските и Сарматските племиња се развиле, како и во погребалните комори во Цивилизациите на Хиндуската Долина – која што датира од 3300-1900 г.п.н.е.
Гробница во Лепенски Вир 9600-6000 п.н.е., Србија
-
ХРОНОЛОГИЈА И ГЕОГРАФИЈА
Официјално се знае дека Буда живеел во периодот помеѓу 6-ти и 5-ти век п.н.е.
Во 5-тиот век п.н.е. , Хеленскиот историчар Херодот напишал за племето кое што живее во земјата на Скитите, по име Будини. Тој тврдел: “сите тие имаат длабоко сини очи“. Будини на Словенските јазици дословно значи “припадниците (или едноствано – потомците) на Буда“.
Зошто оваа етимологија е важна? Бидејќи во коментарите на Херодот ние ја читаме официјалната теорија, дека Будините се Словенско племе. Шафрик кој верувал дека Будините припаѓаат на Словенската фамилија, тврди дека дрвениот град Гелонус, опишан е дека бил во центарот на Будини, кој е очигледна представа за примитивните Словенски градови дури и во 12-тиот век.
Светот според Херодот, 5-ти век п.н.е., Будините и Гелоните се заокружени
Будините живееле заедно со Гелоните, каде Херодот ги израмнуа со Хелените. И тоа е најверојатно точно. Хелените немаат никаква доприна точка со денешните Грци. Не дека немаат, во денешна Грција има многу остатоци од Аријските народи и племиња, меѓутоа многу подоминантни постанале семитските арапи и сл…
Значи Гелони=Гелени=Хелени. На Украинскиот јазик “Г” се чита како “Х” на почетокот на реченицата. Дали овие Гелони ја направиле статуата на Буда како онаа од погоре? Прашањето е под чие влијание биле базирани. Дали навистина е чудно прашањето дека тие живееле во симбиоза со племето наречено Будини?
Херодот ги сместил Будините како едно од племињата на Медите: “Медијските племиња се следниве – Бушите, Паретачените, Струшатите, Ариазнтите, Будите, Магите. Нивните племиња се многу”. Hdt. 1.101
И на друго место тој вели за Медите: “Медите порано биле нарекувани од сите како Аријани но кога Колчиската жена Медеа дошла од Атина кај Аријаните тие го промениле нивното име, како Персијците. Ова е сопствената сметка за Медите.” Hdt. 7.62
Како номадско племе кое што живеело на територијата на Индо-Скитија, Будините имале лесен пристап до кралствата во Азија каде што Будизмот процветал. Но на почетокот на првиот милениум тие исчезнуваат од историјата. Според некои теории тие мигрирале заедно со Сарматите на Балканот, кој што бил на спротивната граница на Индо-Скитската територија.
На територијата на денешна Унгарија или Маџарска (во минатото се нарекувала Венгрија и живеело исклучително Словенско население каде подоцно добило и угарски, но според мене и гегиски крвни примеси) ние го гледаме градот со името Будимпешта, име кое е кованица од два града кои постанале еден: Буда и Пешта. Постојат разни теории за етимологијата на Буда, но Пешта е несомнено од Словенско потекло, што доаѓа од зборот “пештера” (рус и бул. пещера, укр. печера, срб. пећина….потоа во Македонија имаме пештера со име Пешна, село Пештани итн..)
Пештерата Пешна се наоѓа на шест километри од Македонски Брод
А за Буда, една од најчестите предложени етимологии е поимот “вода”, што јас искрено не се сложувам многу. Но како и да е, старо Словенското име за овој град е Будин (или Будим) и пореди ова целиот овој регион е наречен “Budin” во Отоманската империја.
Меѓутоа да не заборавиме дека Пештерите за мистиците, јогините, трансцендаталистите и разните други трагачи кон просветление и духовен раст, пештерите биле посебни природни одаи кои ги нуделе сите погодни услови за прочистување, медитација, визии и секако просветлување.
Покрај ова, постојат многу слични топоними на Словенските територии, но најголемата концентрација може да се најде во регионот во близина на Панониија, како на пример: Будисава во Србија, Будишчина во Хрватска, Будина во Словачка, Будима во Република Српска, Будимци во Славонија, Хрватска, Будин во Бохемија, Република Чешка, Будва во Црна Гора и многу други…
Во Македонија имаме “будини” села како што се Будаково и Будинарци
-
ВЕРСКИ УЧЕЊА
Oзбершки Буда , пронајден во Вестфолд, Норвешка
Значи имаме толку многу докази за Будизмот во Европа уште во праисториските времиња, особено кај Словените. Да одговорам накратко. Да. Недвосмислено. Од секоја гледна точка. Многу паралели постојат.
Едно друго истражување, кое неможам да го прифатам во потполност а кое води до некакви информации и конекции, е етимологијата на градот Буда, што го поврзуваат со “Вода”, каде истата етимологија е предложена во моментов за иметото на племето Будини . Ако ја примениме оваа сомнителна логика за името Буда, ние добиваме нешто слично со Англо-Саксонското божество “Воден” кое постанало во Нордиското Один. Но ова може да означува и Водач, како предводник. Словенската етимологиа на ова име никакош не е потврдена, но призлегува директно дека станува збор за “Воден” како влажен и мокар. Наводно, Слвенскиот еквивалент за Воден би требало да биде Вид, однсно Световид (во Христијанството превземан како Св. Витус). Световид бил еден од најважните богови во Словенскиот пантеон.
Но најважното е следново. На Санскрит, Буда истотака е име на планетата Меркур (интелегенција, будност, разум, логика) , денот со кој владее Меркур е Среда (Среден ден на Словенски), а на англиски се вика Wednesday. Wednesday – дословно значи “денот на Воден” на Англиски, и тоа е општо познато, и Среда е денот на Меркур во сите Латински јазици истотака. Меркури (Mercury) на англиски е име за металот – Жива, кој всушност е “течен, воден” метал, и според истата логика која што постои во Алхемијата, тој е во средината, помеѓу златото и среброто, како што е денот управуван од планетата Меркур која што е точно во средината на неделата, и на Словенските јазици се нарекува Среда-Средина. И точно учењето на Будизамот е всушност Средниот Пат. (Будизам).
Алхемијска Жива
Ќирил Пејчиновиќ ја издава својата книга Огледало во градот Буда…подоцна се споени Буда и Пешти во еден град….постои една наша песна Што се саит под Будима града“, Будимдпешта (Budapest) – Будина Пештера.
Адам Волинец