Свет

Велика Британија ќе испрати трет воен брод во Персискиот Залив, во услови на тековни превирања со Иран

 

 

Британската морнарица испраќа трет брод во Персискиот залив, поради зголемените тензии со Иран, по запленувањето на танкерот за нафта Грејс од крајбрежјето на Гибралтар.

Во ексклузивниот извештај, новинарот на “Тајмс”, Луси Фишер, откри дека Велика Британија испраќа трет брод и танкер во Персискиот Залив.

Цитирајќи одбранбени извори, Фишер рече дека овој потег на британската морнарица нема никаква врска со зголемените тензии со Исламската Република Иран во Персискиот Залив.

Британското Министерство за одбрана, наводно, одбило да коментира за медиумите .

Британскиот премиер Тереза ​​Меј во вторникот рече дека секоја ескалација во регионот на Заливот меѓу западните земји и Иран не е во интерес на никого, коментирајки на заканите од Исламската Република дека ќе одговорат на запленувањето на нивниот танкер  Грејс 1.

“Нашата позиција секогаш беше конзистентна: ескалирањето во Заливот не е во интерес на никого и ние постојано им го кажуваме тоа на Иранците”, рече портпаролот на премиерот.

Related posts

Leave a Comment