Обилни дождови предизвикаа големи поплави во Солун, при што десетици куќи беа поплавени, а двајца мотоциклисти биле заробен во потопените улици. Противпожарната служба примила повеќе од 15о повици, а од 17 куќи морало да биде испумпувана вода, објави „Катимерини“.
Во текот на невремето, со најголем интензитет во текот на ноќта, припадниците на противпожарната служба евакуирале седум луѓе од поплавените домови на подрачјето на Ефкапија, додека двајца мотоциклисти биле однесени од надојдената вода. Едниот успеал сам да се извлече од поплавата, додека побарал помош од полицијата.
Невремето предизвика отежнато одвивање на сообраќајот, како и неколку судари поради лизгавиот коловоз.