ХРОНИКА

(ВИДЕО) ,,Дојде Живот”-Поранешниот кандидат за градоначалник од СДСМ,Ристе Бањоглав исфрлен на улица заедно со малолетните деца како жртва од лихвари

Со извршители избркано цело семејство на улица

Дека лихварите во оваа држава прават што сакаат е вчерашната случка кога Ристе Бањоглав заедно со семејството беше исфрлен на улица од извршител поради хипотекарен долг за кој Бањеглав тврди дека го претплатил.

По тригодишна голгота поради заем од 10 илјади евра, семејството на поранешниот кандидат за градоначалник на Карбинци, Ристе Бањоглав, денеска како на филм остана на улица.

Како што пренесува штипската телевизија „Стар“, денешното присилно иселување следи откако за отворање на фарма од стотина кози, Бањоглав пред три години земал заем, а како гаранција ја дал куќата под хипотека.

Бањоглав тврди дека е жртва на лихварски заговор бидејќи долгот го исплатил и кај лихварите и кај извршителка, иако дополнително се задолжил.

Иако Бањоглав тврди дека целосно го исплатил долгот кон лихварите, на врата му тропна извршителката на која што наместо 600.000 денари ѝ биле исплатени 920.000 денари, но таа не му дала извештај за увид во исплатата.

Петчленото семејство на Бањоглав, од кои две малолетни деца остана без покрив над главата, откако и личните работи им беа конфискувани и однесени во стовариште во Виница.

Бањеглав е поранешен кандидат за градоначалник на Карбинци од редовите на СДСМ во 2013 но со разлика од 100 гласови загуби од Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Related posts

Leave a Comment