Најголемата кинеска бродоградна компанија ,,Далианската бродоградна индустрија,, (ДСИЦ) го претстави првиот светски интелигентен танкер со вкупен капацитет од 308.000 тони.
Бродот беше предаден на својот сопственик, компанијата “Кина трговски енергетски превозници”, до крајбрежниот град Далијан, северна Кина, во саботата.
Покрај огромната големина на речиси три фудбалски игралишта, главната карактеристика на танкерот е “интелигентен” систем кој има помогнато за автоматски навигација, интелегентно управување со течниот товар и интегрирано управување со енергетската ефикасност.
“Во моментов, земјите ширум светот активно ја промовираат интелигентната навигација и развиваат интелигентни технологии за бродовите, што игра важна улога во подобрувањето на безбедноста на поморскиот сообраќај, зачувувањето на енергијата, намалувањето на емисиите и економската ефикасност”, рече заменик-шефот на ДСИК, Гуан Јинхуа, цитиран од страна на веб-сајтот Кина News Service.