Свет

Видео кое го расплака светот : Татко пробал да го заштити сопствениот син со своето тело

Turska

Бројот на загинати од силниот земјотрес што го погоди источниот дел на Турција во петокот се искачи на 20, со 920 повредени, соопштија официјалните лица.

Според турската агенција за управување со вонредни состојби, 16 лица загинаа во Елазиг и уште четири во соседната провинција Малатија, со разорна слика која се шири низ социјалните мрежи.

Спасувачите наидоа на страшна глетка во урнатините на една зграда. Еден постар маж и едно момче биле пронајдени прегрнати под тешки бетонски плочи, а наскоро се покажало дека се татко и син,  таткото го прегрнал детето за да го заштити. До нив, наводно било пронајдено телото на друго дете.

Земјотресот, за жал, беше толку силен што и двајцата не преживеаа.Синоќа Турција беше погодена од земјотрес од 6,9 степени, а се почувствува и во соседните земји, Сирија, Либан и Иран.

Related posts

Leave a Comment