Свет

(ВИДЕО) НЕТАНЈАХУ ИЗВЛЕЧЕН ВО „ПОСЛЕДЕН ЧАС“! Ракетите паѓаа на местото каде што држеше гово, ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО БУКВАЛНО ГО ОДНЕСЕ!

 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше евакуиран за време на кампањата што ја водеше во јужниот израелски град Ашдод, по новиот ракетен напад од Појасот Газа.

Израелскиот премиер беше симнат од сцената од телохранителите кога ракетите почнаа да паѓаат. Тој го продолжи својот говор на настанот 20 минути подоцна.

Израелската војска потврди на Твитер дека биле лансирани две ракети од појасот Газа. Израелски извори соопштија дека движењето Хамас ја негира одговорноста за нападот.

– Скоро половина милион Израелци беа под ракетен оган кога беа истрелани две ракети од Газа кон израелските пристанишни градови Ашкелон и Ашдод … За среќа, и двете ракети беа пресретнати од системите за воздушна одбрана на Железната купола, напиша преставник на војската на Твитер.

Во одговор на ракетниот напад, израелските воени авиони уништија четири позиции на движењето Хамас во Појасот Газа.

Засега не се објавени детали од израелската војска за воздушните напади. Сепак, агенцијата Шахаб објави дека насочените позиции се наоѓале во северниот и централниот дел на Газа.

Во последните две недели се случија неколку слични инциденти.

 

 

 

Related posts

Leave a Comment