Свет

ВИДЕО ОД БАТАЉОНОТ „АЗОВ“ ВО МАРИУПОЛ: Пронајдени прирачници за обука од американската армија

Прирачници на американската армија за разузнавачка работа се пронајдени во БАЗАта на баталјонот „Азов“ кај Мариупол, јавува дописникот на РИА Новости.

Новинар на руската агенција објасни дека во таа база се наоѓала диверзантската формација „СС Медведи“. 

Според РИА Новости, пронајдени се прирачници на украински и англиски јазик, пред се оние поврзани со герилската војна и разузнавачката војна.

 

Руската армија претходно соопшти дека таквите документи Украинците при повлекувањето ги уништувале, но овој пат милитантите на Азов немале време да го сторат тоа.

Потсетуваме, министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу вчера го информираше претседателот Владимир Путин дека Мариупол е ослободен, а милитантите од Азов се повлекле во подрумите на челичарницата Азовстал.

Путин го откажа нападот на катакомбите на тој индустриски капацитет, но нареди членовите на „Азов“ и украинските маринци кои им се придружија да бидат ставени во обрач и дека „мува не смее да прелета“.

Related posts

Leave a Comment