Регион

ВИДЕО „Опа! Ууу, земјотрес се случува во моментов“: Земјотрес прекина водителка среде Дневник, погледнете ја нејзината реакција.

Земјотресот кој ја потресе БиХ, но и околните земји, ја прекина Милица Павиќевиќ, водителката на Црногорската Сити ТВ додека читаше вести. Погледнете ја нејзината реакција.

Земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер , чиј епицентар беше во близина на Невесиње во Босна и Херцеговина, ја потресе и Црна Гора. Моментот на земјотресот го забележаа и камерите на црногорската локална телевизија Сити од Подгорица, која во тој момент емитуваше Дневник.

Водсител

ката Милица Павиќевиќ ја прочита веста за напредокот на преговорите за малцинската влада во Црна Гора кога земјата почна да трепери. Павиќевиќ застана за момент, сфаќајќи дека се работи за земјотрес, но многу брзо се опорави и продолжи да ги чита вестите.

„Преговорите за малцинска влада би траеле … се … Опа, во моментов се случува земјотрес. Се надевам дека се ќе биде добро. Продолжуваме со Дневникот, малку е турбулентно, но … преговорите за …“, рече Павиќевиќ и продолжи да ја води емисијата.

Related posts

Leave a Comment