Тенис

Вилијамс и Андреску во финалето на УС Опен

 

Американската тенисерка Серена Вилијамс  по 10-ти пат се квалификуваше во финалето на УС Опен бидејќи во полуфиналето ја совлада Украинката Јелена Свитолина со 6: 3, 6: 1.

Во 71 минутна игра 38-годишната тенисерка дојде до својата 101. победа во последниот гренд слем, изедначувајќи се со легендарната Крис Еверт.

Овогодишното финале на УС Опен ќе биде можност да стигне до 24-та грен слем титула во кариерата, изедначувајќи се со австралијката Маргарет Корт.

Помладата од сестрите Вилијамс ќе игра во финалето против 19-годишната Канаѓанка Бјанка Андреску, која ја победи Белинда Бенчиќ од Швајцарија со 7: 6 (7: 3), 7: 5.

Финалето во женска конкуренција се игра во сабота во 10 часот по средноевропско време.

Related posts

Leave a Comment