Колумни

ВИОЛЕТА ПЕТКОВСКА : ДО АПРИЛ ЌЕ ЗБИРАМЕ ДУША,А ПОСЛЕ ЌЕ ВЕ ЗБРИШЕМЕ

ДО АПРИЛ ЌЕ ЗБИРАМЕ ДУША,А ПОСЛЕ ЌЕ ВЕ ЗБРИШЕМЕ

За помалку од две недели дијагнозава шут муртински си оди.. Ама, северџанските шарени куртони 500€ не видоа!

Железните опинци не ги облече и баклавата ја изеде, ама типсиата стооо!! Ниту ПРАВДА, ниту МИР!

Ама, марихуана колку сакаш! Маиците со СЈО ги искинаа од носење, ама Ката правда не донесе, оти цело време рекетираше… Туку заврши во затвор за рекет! Уште не е утврдено кој од каде се знае со Тредичи..

Дека биле на годишнина од дувлото за рекет на 1ТВ кај него, појма немаат, колективна амнезија доби цела влада! Мијалко конечно ослободен од обвиненијата за,, Империја,,.Очекуваме да побара оштета за нанесена душевна болка, како Веруш де. На права душа ги мачеа, цедеа, затвараа и малтретираа! Што, кој да плати?! Па народот де! Правдата на судството џиџи-миџи жими мајка не сум крив се спроведува еднакво за сите цела држава! Што си е крив дечкото што украл 100 ќебапи, крив си е.. Затоа си доби затвор од 4 г.

Дедото што и мрсеше пуцвалт коси на шекерпарето исто си доби четворче, заслужено.! А, за рекет 3 год дека е скоро минорно делото, исто така и минорна е казната. Не вреди ни да се спомне! Луј витонката сеуште се врти околу нејзината замислена оска и никако да си го најде газдата! Ете, како и девојчето на татичко што народот му го школува со 40.000 € стипендија. Ако, кога е толку умно чупето вреди народот да се жртвува за вакви умни деца и тоа во странство! Е, сега, татичко кога ќе оди во Холандија да ја посети на граница ќе мора да се пише како грк или србин! Нема, врска битно да се помине граница!

Дури и не е битно возила за брза помош што нема да се купат, битно е за нас вчерашните на евривизија да се слушне! Море да се рика норт, норт маседонија! Будите уз мене – рикна даде, ама ги поеба македонската дијаспора, па, ги нокаутира на патос. Дингггааууу!! И така, од тој ден на Тамарче кариерата и заврши за век и веков! Еве, четврта година изминува шутот селски се што направи за народот добро е што албанците ќе ги изрдначувал на 100%!

Затоа што АСНОМ го чувствувале за свој! Продаде историја! Продаде јазик! Продаде име! Ама, датум за Еу не доби! НАТО, вика Макрон бил на апарати за дишење во клиничка смрт! Нацијата ја обележаа со три цртки (///). Идентификација по србин или грк. Идентитетот бетон.

Името сабја сече, северно од Република Македонија! Казна за сите што не се полиглоти и не го зборат албанскиот еден од битните светските јазици до 5.000 еврони! Нација која се преселува! Нација која ја трујат со ураниум и ПМ10 честички и за ручек и за вечера! И опозиција на која ич трепка не и трепна се што ни избришаа! Ама, си повика на Обнова за Македонија откако ништо за две год не спречија!

Сума сумарум, не остана ништо, ниту да собереш ниту да одземеш пред истекот и на оваа година власт на рекет-мафијашката ганстертска власт во заминување! Позади себе оставија пепел и прав, збришаа и пари и имот и историја и се! До април ќе збираме душа, а после ќе ве збришеме, има за се да платите и се да вратите. Вашиот вечен дом ќе бидат мувлосаните зандани и ладните решетки! За век и веков!

 

ВИОЛЕТА ПЕТКОВСКА

Related posts

Leave a Comment