Колумни

Виолета Петковска : Па , добро бре, колку животи имате вие, па, ви се потребни толку милиони?!

 

Дали мислите, сите ве прашувам.. Дека цела среќа е во парите?! Нарочито овие со илјадници евра и милиони на свое конто!? Еднаш така го прашале Џим Кери (актер) и тој одговорил: – Би сакал сите во светот да бидат милионери, за да видат дека целата среќа не е во парите! Сум видел голема палата и сам човек кој плаче. И трошна куќичка со многу деца и возрасни од која се слуша многу смеа и радост!! Парите се нужна потреба, да, бидејки некој некогаш ги измислил парите како сретство за купување, порано имало размена на продукти… Ти мене круши, јас тебе пченка итн. Парите се денес во овој цивилизиран свет нужно потребни, секако, тие се причина за спокој, за сигурност.. Ако нема пари не може човекот да ги задоволи своите елементарни потреби, храна, облека, училиште, сметки, покрив над глава, некој не може да се дружи, да ја покани девојката/дечкоти на кафе итн! Но, мене ме интересира, кој профил на луѓе се оние кои имаат навистина многу пари, имаат бизниси кои добро им одат, профитираат, тргуваат, извезуваат итн… И се тоа малку им е, и на државата не и плаќаат данок, па се изложуваат на опасност да одат по затвори долги години. И наместо една птица во кафез, остануваат и без таа во кафез и без таа на гранка! За мене се ова болни умови, нарочито овие богаташиве во Македонија, во една мала држава, а они богати како саудиски шеици! Е, сега за останатите кои немаат големи бизниси, а имаат милиони , и сакаат да живеат како саудиски шеици без да работат ништо, а да живеат богато и да уживаат луксузно, па се служат со рекетирање и изнуда со уцена од овие што се богаташи, ама, не плаќаат даноци, па, ги судат и ги гонат кривично! И овие се со болни умови кога не можат да претпостават дека еднаш ќе бидат фатени и сите луксузи, круни, бесни коли, злато и брендирана облека ќе им фаќа пајажина долгоо време по орманите! Истото важи и за сите кои влегуваат во политика , не заради политиката, туку заради, со крадење и моќ да се обогатат! Затоа, и на богати и на суромашни ќе ви кажам парите не ја носат среќата.. На секој човек му требаат по возвишени чувства од богатство, пари и луксузи. На човекот му треба најмногу духовното богатство, семејство, работа кај што ќе може да твори и да заработува, , деца, пријатели, дружба во природа, време за одмор, топол дом и вера во Бога и во својата способност дека е моќен креатор на својот живот и така да напредува и да печали чесно. А, не да штанца милиони, криминално да стекнува имот со тоа што ќе оштетува други, даночната обврска да не ја исполнува и да ризикува милиони – за слобода! Да седат во политика и да ја злоупотребуваат функцијата за да си делат за себе тендери, високи плати, притоа да се луксузираат на државна сметка со скап мебел, возила и богата храна, патни трошоци и авионски билети заради нивни прошетки, а не нешто добро да спроведат и да договорат за народот! Па , добро бре, колку животи имате вие, па, ви се потребни толку милиони?! А, дали мислите дека треба и другите да живеат и да имаат барем скромно живеење за тој еден живот, па, да им го зимате лебот од нивна уста, а вие да штанцате милиони за уште пет животи! Поминаа 30 год од самостојноста на Македонија и никогаш не престанаа да ја ограбуваат политичари, новинари и газди на ТВ продадени за пари, бизнисмени кои се врзуваат со секоја власт за да злоупотребуваат само за нив тендери и никогаш да не плаќаат данок и за многу други привилегии во урбаното живеење , градење, угостутекството и туризмот, секако чест на исклучиците кои чесно работат и заработуваат! Денес во Македонија мафијата има своја држава, а народот без никакви права и услови, едвај преживува! На сите ни треба само духивно богатство, разбирате ли, а тоа подразбира прво да си човек , да си хуман и да имаш разбирање дека сите имаме еднакви потреби, дека никој не е над никого, па, да има повеќе и да не му биде гајле што ограбува, а некој трпи за леб. Откако ова ќе го сфатите сите и духовно ќе се обогатите, дури тогаш материјалното ќе се множи, стекнато со труд и работа, а не со крадење и лажење! Сфатете дека во давањето е земањето. Има оној што дава, а не дава затоа што има!

 

Related posts

Leave a Comment