СЕНДВИЧ ТУРА-ТУРС ПРОШЕТКА ЗА МАРШ ЗА ПРАВДА!
Довлечкаа простодушна маса на луѓе, окорели северџгани и по некој од шуткамаалата, спонтано?? Аха, да, дааа..!! 100%! Излегуваа од автобуси спонтано од други градови! И спонтано држеа остатоци од сендвичи, жвакаа и бегаа од камерите за да не ги прашуват, зошто сте дојдени! Се грев до ГРЕВ, (што би рекол БЦ еднаш за вмровците) добар им бил ЗЈО ниту имаат појма дека во законот СКОТОВ си ги заштити криминалите, ниту дека тие дојдоа да му ги поддржат криминалите и дека грабежите, тие кутри прости и неинтелигентни злоупотребени човечиња на свој грб ќе му ги враќаат парите задолжени со десетици год! Ама, дојдоа, викаат, еднаш овој народ треба да доживее правда, а нели пред да дојде на власт лидерот им дојде со паролата НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР и ја назначија Ката да ја донесе таа правда.
И, да се прашаат каде е сега Ката, а нели тој што ги ПОВИКА на маршот за правда Е ТОЈ ШТО ГО ПРАВИ РЕДОТ ВО ДРЖАВАТА! И, за што дојде на власт, ни за тоа не се прашаа.. Им вети ЕУ, и Еу не добија… Ја избриша државата, не обележа со коси црти, го смени името, само што денес рецидивот од тоа е што станавме протекторат на грци, бугари, албанци, на ЦИА и глобалфсшистите од Еу! Кркајте вие сенГвичи и мислете си дека дојдовте да го,, здрмате,, судот да ги решава предметите!
Тие предмети не се решаваат, бидејки вашиот СКОТ лидер шутот селски е главниот криминалец, тој ги држи во ропство судовите, ги инволвира судиите, ги корумпира и сега како да ги решаваат предметите кога тој ќе треба прв да биде разобличен , а по него цела власт и лично судиите кои работат по негов налог! Работава,кој кого да обвини и кој кого да разобличи и регуларно да постапуваат, да вршат истраги, да апсат и да носат по притвори! Се стооо само за да не биде прв приведен и под истрага вашиот СКОТ лидер од него се почна и со него се ќе заврши, не берете гајле!
Подмолно, меѓуредови требаше да сфатите дека ве довлечка за него да барате правда, чекаше да извикувате ” Бараме правда за лидерот и не ви го даваме”… Е, тоа тој чекаше од вас! Ама, вие простодушните животот што го живеете во ветер и магла, неосвестени за бедатата и сиромсштијата во која тој ве доведе, ве остави без идентитет, безимени и понижени пред светот, гладни, се задоволивте со една тура прошетка до Скопје и со сендвич и сокче! Шарената куртон револуција, авангардата на Заев составена пола од интелигенција пола зависници и од ЛГБТ заедницата, овој пат му откажаа љубов и доверба, посрамени можеби, но сигурно многу изневерени и од лидерот и од СЈО од која очекуваа таа да ја донесе ПРАВДАТА И МИРОТ, денес и самата притворена и инволвирана во опасен криминал за изнуда на пари каде што настрадаа многу бизнисмени! Вчера не се осмелија на чекорење за правда и хулуганство како негогаш, бидејки до ден денес нитиу ПРАВДА видоа, ниту МИРНО живеат!
А, и никој не си лежи. Напротив, сите по кои врескаа да бидат казнети и судени, денес се амнестирани и слободни, плус добро нафатирани со пари, бидејки му беа џокери за гласање на СКОТОТ муртински за отварање на уставот за промена на името и за гласање на ЗЈО, закон со кој Заев си ги легализира криминалите и нелегално стекнатите снимки со прислушкување! Бојата на маиците со СЈО се уште им мирисаат што ги носеа додека фрлаа со кондоми полни со фарба по градбите на Груевски, гневни и во очај бараа правда…
А дочекаа денес власта сама од себе да си бара правда, само како фарса, бидејки ниту смеат судиите да отпочнат правдата да ја донесуваат, бидејки цела власт ќе треба да биде ставена под истрага и во притвор! И на крај да ве прашам. Правда ли е кога правдата за едни е мајка за други маќеа. Боро Малборо да добие лиценца за садење марихуана по шверцот со цигари намесо да оди во затвор и само Заеви да добиваат лиценци! Правда ли е за МОНСТРУМ обвинетите да бидат пуштени и Заев да ги лаже родителите дека има снимки како доказ, кој ги уби децата!
Правда ли е Мијалков да биде ослободен од обвиненија и денес да биде бизнис партнер со Заеви. Правда ли е да го пуштат да избега убиецот на Мартин! Правда ли е Муковски да биде амнестиран, а уставобранителите во затвор од случајот за 27-ми април!И денес да биде еден од најбогатите пратеници! Камчевска да биде амнестирана за криминал за да биде искористена да гласа за промена на име! Правда ли е за вас да дојде Заев на власт со лепени и сечени снимки, нелегално прислушкувани. Илјадници на број! Зошто уценети слуги и криминалци му станаа најголеми сојузници! Зошто нема ниту еден крупен криминалец зад решетки.
И како ви избега Груевски! Зошто имаше двојни аршини и нарачани пресуди, и за тоа дека,, бизнисот не требало да се чепка ,, за Луј Витон торбата, за нарачките на Заев во Врхивен, Апелација, за тоа како Заевци го спасуваа СЈО, за да си ги спасат милионите. Зошто мафијата со Заев доби своја држава и зошто обвинителство молчи, а милионите на СКОТОТ раснат. И уште мнигу зошто и на крај, зошто се спротивстави на испитување на питеклото на имотот, забрана за амнестија на политичари и донесе закон за ЈО во кој се содржи амнестија за него и неговите политичари ПРАВДАТА И МИРОТ ќе ја донесат во целост суверенистите патриоти кои по изборите ќе ја превземат власта и државата во свои раце и ќе почнат еден по еден да ги решаваат и секој ќе си ја добие заслужената казна. До тогаш кркајте сендвичи и мислете си дека го здрмавте корумпираниот суд на Заев!
Виолета Петковска Член на И.О – Родина Македонија