Во оваа држава никој не е среќен, па ниту вие во власта што не крадете и вие со тешки милиони и бизниси!
Сите се несреќни заради пари! Едниве се им е малку и крадат!! Другите бидејки немаат доволно пари за ништо! Зошто?! Затоа што сите заборавивте пред се да бидете богати во духот и дека среќни не ве прави ништо што се наоѓа надвор!
Среќата ја создаваат позитивните уверувања и мисли, отвореното срце, малите ситни задоволства, дружењето со пријателите, создавање нови пријателства, време во денот за уживање со семејството, љубов меѓу партнерите, смирен ум, спокој и време во тишина кај што се креира сопствениот живот. Тоа е упатување молитва кон севишниот за водство кон остварување на желбите!
Не време поминато во грч и смислување на лаги и превари, бидејки и тоа е креирање, барање водство кон остварување на криминали , грабежи, а потоа и казни! (Пример со Катица Ј, во нејзиниот ум постојано креирала како со рекет и противзаконски дејанија да стекне имот и углед. И каде ја однесоа тие смислувани превари? Прво до парите, а потоа од тоа што се плашела, затворот, пак како креација во умот, ја однесе до затвор) На крај, што е повредно, да имаш многу пари и да си несреќен постојано барајки среќа во многу пари, без разлика дали се украдени или чесно заработени. Или повредно е да имаш малку пари, ама мир и спокој! Не мислам за трајно помирување со помалку пари, мислата ми е за ова време сега кое ни е наметнато од моќници кои крадат и мислат само за себе!
Живееме во неправди и ропство, а на неправдите и ропството можат да му стават крај само ограбените и омаловажените! А дотогаш, да живееме во вредности, не да се разболуваме заради пари и да правиме неморал и да бидеме нечии слуги за пари. Зборувам, дека треба да ја задржиме свесноста и да не подлегнуваме на лаги и притисоци за профит!! Трката за пари е стрес, боли глава како да се украде или како да се оддржуваат толку големи бизниси кои бараат и 24 часовна работа и надзор! А, време за живот, кога?
Тие што крадат и мафтаат постојано се под стрес, да украдат, ама да не бидат фатени, па, постојано се во некои лажни измислени приказни во кои на крај толку многу сами се замрсени што им нема спас, освен да се предадат сами во полиција!! А на лагата кратки и се нозете, нели?! Живееме во свет на извртени вредности. Денеска вредност е да си моќен и богат и со тоа се манипулира, што мислите, зошто?! Па за пари секако. Никој не ти дава нешто без да ти побара утре за возврат. Таквите се ретки, чисти , достоинствени и со морални вредности, пред се духовно вредни и богати. Луѓе кои себеси се вреднуваат и сакаат, после и сите други! Како да те сака некој кој себеси не се сака кога постојано е во некакив стрес, себеси и своето битие го плаши со црни мисли и извртени морални вредности.
Краде лаже, убива и манипулура. И таков ти пропагира или ти кажува што е добро за тебе, а ни самиот не знае што е добро за него кога заради профит сам се согласил да биде полтрон и да работи за тој, а во своја штета , во штета на нацијата и државата! Затоа во оваа држава никој не е среќен. Никој не знае дека среќата е да живееш спокојно, чесно, да му се радуваш на животот заедно со семејствоти и пријателите и на крајот од денот да седнеш да вечераш што дал Господ, да си легнеш да спиеш среќен што утре ќе се разбудиш жив и здрав ти и твоите сакани, без да стрептиш дека ќе ти затропа полиција и ќе те однесе во притвор! Затоа, учете да бидете среќни, а не богати?! Веќе сте богати кога сте живи и имате љубов во себе и околу себе!!
Виолета Петковска