Врти сучи, излегува дека Заев
и добро направи што ја избриша
и продаде Македонија!
По констатацијата на врхушката на вмровци дека никој нема да може да го врати името додека не влеземе во Еу, да нагласам.!!
Затоа што да бидеш во Еу и НАТО е многу побитно како никој и ништо од тоа да имаш држава и идентитет со своја историја!
Подмолно и меѓуредови сега се провлекува оваа стратегија по неуспехот да се провлече бадинтер како изговор да не се врати името и да заживее северна, таква подмолност слушнавме и од Гога кога рече.. Следи период на привикнување?!
На што мислеше, секако на *северна!
А, дали народот се изјасни на референдумот против членство во Еу и НАТО како уцена за името.. И кој сега ви дава право да не пикате уценети таму како никој и ништо и тоа да биде пречка да се вратело името!
Полека, полека на лизни мазни си ја кажаа вмровци злобната намера и кога ќе се прашаш, зошто две години преспаа, еве го одговорот.
– Затоа што било договорено однапред да не постои веќе Македонија!
А, Мицковски наметнатиот да му помага со молк, Заев да ја избрише Македонија!
И ако се прашувате .. Зошто Груевски не го апсеше Заев.. Еве го одговорот!
– За да може Заев на раст да го отвори уставот за промена на името, а денес ВМРО да вика.. Ние ли се избришавме, Заев избриша!
Да, а кој му помагаше?!
Па предавничката клапа вмровци на чело со даскалот лицемерен Христијан Мицковски.
Биле уценувани. А кого може да уцениш?!
Секако тој што се однесувал противзаконски во работењето!
Чесниот човек можеш само со уцена животот да му го земеш, друго ништо. А, на криминогени ликови и бизнисите и животите, што е тешка работа, да… Ама, зошто Македонија ја продавате за вашите приватни прекршоци за да се спасувате и себе си и бизнисите?!
Одете си по затвори, што ви е крив народот и државата па, ги држите во ропство и тиранија веќе 30 години, за да ги избегнете затворските казни!
Најлесно е да крадеш па, во залог да ја ставиш државата за да се спасиш од казни.. Е, тоа го гледаме 30 год. крадење и бришење на Македонија!
И сега, колку треба да си будала и со заробен ум и да ГЛАСАШ за ВМРО – ДПМНЕ партија која веќе не постои во својот облик, содржина, членови патриоти (туку клиенела) и идеолигија.
Бреобличена и обликувана партија по мерка на западот, бидејки фашистите не трпат суверенисти и патриоти од тврд ков, тие немаат гордост на патриотизам. Нивна гордост се парите со кои ги бршат суверенистите и суверените народи!
Апелирам до сите здраворазумни чесни патриоти да не се надеваат дека прво, да дојде на власт Мицковски, па, после ќе го тепаме по нос да ја врати Македонија!
Погрешно, ете, јасно и гласно си кажуваат! Прво во Еу и НАТО, па ќе враќаат име!
Условот за Еу и НАТО е реформирање на судството и целосни реформи во секој сегмент за да се стабилизира државата од задолжувања , грабежи и криминали, па, далу и ќе добиеме датум и пикрај мали оптимистички сигнали на Тимоние за датум.
Неверијатно е, бидејки европската унија живее тешки денови и прашање е дали воопшто ќе опстои.. Многу е парадоксално да се има желба за членство по напуштањето на Англија од Еу и по претрпените пирази на НАТО да биде владетел во државите кои ги држи заробени од интетес, не дека се винивни. Нарочито по убиството на иранскиот генерал и кукавилкото повлекување!!
Макрон го прогласи НАТО за клинички мртов, а ние ќе сме се дружеле со мртовци ли?!
Колку ќе трае тој процес на реформирање?!
Многу долго.. Финта за да чекаме стабилизација на државата, а меѓувреме ќе заживее северна и тоа нема ни да го приметиме, бидејки ни е смачено од се.
Тоа сакаат, да му го убијат на македонецот патриотскиот дух, националните чувства и да ја прифати *северната наметната творевина!
А нас ни се брза и наш приоритет е враќање на името и бришење на сите потпишани штетни договори за Македонија и Македонците! Нема име, нема глас!
Ова треба да ни биде и молитва и мантра, а не да бидеме потчинети гласачи по воља на предавници!
Сувереното крило на патриотите треба и бараме да се обедини во едно братство и само така ќе ги победиме сијамските близнаци по намера Заев&Мицковски!
Маједонија вечна!
Никогаш северна. Само Македонија!
ВИОЛЕТА ПЕТКОВСКА ЧЛЕН НА ИО РОДИНА МАКЕДОНИЈА