Имаме парацрковна структура во Бигорскиот манастир на чело со епископот Партениј. Тоа прашање час поскоро мора да го поставиме на дневен ред пред Синодот и да го решиме, предупредува владиката Петар.
Ние нема да дозволиме да имаме парацрковна организација во лицето на епископот Партениј заедно со структурата негова во Бигорски и со монахињите таму кои мешетарат во мојата епархија. Јавно кажувам и им порачувам да се тргнат од мојата епархија и да не ми прават повеќе проблеми затоа што е сериозна ситуацијата. Знаеме по националноста на која страна трга и по духовната ориентација, предупредува владиката.