Колумни

ВЛАДИМИР ТРАЈКОВСКИ: И СЕ ОВА Е ЗАРАДИ ВАШЕТО ЕБАНО ЕУ!

Гласно ќе размислувам.Се прашувам а всушност го знам одговорот, дали и да се успее да се одбие предлогот на ЕУ за договорот со Бугарија, ќе се врати името на државата која сега ја носи срамната одредница северна, дали ќе престанеме да бидеме запишувани во изводот на родени како коси црти, дали ќе се поништат резултатите од фингираниот попис кој е вовед во федерализација, многу дали, дали, дали…
Можно е да е слика од текст кој вели „Referendum 30 September 2018- Macedonia The wi Macedonian people NO! No! Prespa agreement No! NATO No! EU Never North Only Macedonia!“
Да преспиеш убиство на сопствената држава цели четири години, да ги игнорираш сите удари по идентитетот и суверенитетот, да не ги почувствуваш сите нанесени смртни рани, а да бувнеш на последниот убод од нож кој суштински ништо не менува во состојбата на тешко ранетиот организам бидејќи и без тој убод е на смртна постела, е во најмала рака показател и индиција за уште еден добро режиран театар од власта и парламентарната опозиција.
Првата го користи театаров за да се додвори уште повеќе до своите газди однадвор и со тоа да ги убеди да им дадат мандат повеќе.
Вториве, театаров го користат за подигање на својот рејтинг кај народот глумејќи хард кор патриотизам при тоа ,,заборавајќи ” да го посочат виновникот кој најмалку е Бугарија, за Македонската голгота, спречувајќи ги сите од говорницата (Ефтим Клетников) кои за разлика од нив ја детектираат блудницата вавилонска како извор на нашата агонија.
Не само што не ја напаѓаат туку продолжуваат да и се умилкуваат со паролите еден е изборот, ЕУ е нашата иднина.
Во театарот лов на политички поени одлично се вклопи и новосоздадената Левица која го изгуби компасот велејќи паметен политичар игра со сите (исток и запад) небаре моменталните случувања во светот се игри без граници а не момент на создавање на нов светски поредок и можен голем светски конфликт, па ај ќе си играме со сите па кој победи ќе го воспееме и отпосле ќе му се приклучиме. Е не може така бе димЧЕ, или си атлантист или суверенист, не може ни риба ни девојка па ај ќе им седам во скут на сите.
Да заклучам, ако големото незадоволство кај Македонскиот народ не се насочи на уривање на северна, поништување на сите штетни договори, враќање на уставот од 1991, почитување на трите НЕ од 30ти септември каде што Македонците кажаа не за ЕУ, НАТО и промена на име, ќе влеземе во смртна агонија од која ниту желните за власт ДПМНЕ и Левица нема да можат да не разбудат, затоа што ќе нема каде да владеат, ќе се разбудиме во туѓа држава!
И сето тоа за вашето ебано ЕУ!
Владимир Трајковски

Related posts

Leave a Comment