Македонија

ВМРО ДПМНЕ бара притвор за Јанева

 

Потребна е истрага за `се што е работено во СЈО, сметаат од ВМРО ДПМНЕ.

Се сомневаат дека, откако е очигледна директната вмешаност на Катица Јанева,  власта ќе се обиде да ја претстави како жртвено јагне.

Според генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, без Јанева не постои случајот „Рекет“.

Таа е главниот дел од сложувалката за разоткривање на целата рекетарска мрежа што води до врвот на власта – до Заев.

Опозициската партија побара притвор за Јанева за да не може да уништува докази и да влијае на сведоци и јавно постави прашање дали е точно дека Зоран Милески Кичеец бил заштитен сведок во случајот Империја?

Related posts

Leave a Comment