Притворањето на Катица Јанева е договорен театар со кој треба да се прикријат трагите кои водат кон Илинденска и Зоран Заев, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопшение
„Јанева му остана верна на Заев, како што и тој и остана верен во сите местенки и криминали. Зоран Заев е премиер целиот период за време на кој е вршен милионскиот рекет. Уценувани се десетици бизнисмени, изнудувани се пари, а институциите на системот или биле дел од рекетот или замижувале пред криминалот. Јанева е алатката со помош на која е вршен рекетот, а Заев е координаторот на целиот криминален систем“, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.