Свет

Воен авион удрил во зграда во рускиот град Јејска и ја запалил

Станбена зграда во рускиот град Јејск во Краснодарската област се запали по падот на авионот, пренесе RT.

Станува збор за воен повеќенаменски борбен авион Су-34, потврди локалната служба за итни случаи, а пренесе руската новинска агенција Интерфакс.

И Министерството за одбрана на Русија потврди дека се работи за воен авион Су-34. Авионот се урнал веднаш по полетувањето од локалниот аеродром на тренинг лет.

Пилотите на авионот се катапултирале на безбедно. Според нивниот извештај, еден од моторите на авионот се запалил веднаш по полетувањето, соопшти Министерството.

Снимката од местото на настанот покажува повеќекатна станбена зграда зафатена во пламен со облаци од густ црн чад што се издигаат кон небото.

На местото на несреќата пристигнале противпожарни возила и брза помош, изјавиле очевидци за агенцијата ТАС.

Засега нема информации дали има повредени или загинати.

Related posts

Leave a Comment