МОСКВА – Претседателот на руската државна дума Вјачеслав Володин денеска ги повика жените кои живеат во Украина да се преселат во која било друга земја за да не бидат мобилизирани и оцени дека жените се само потрошен материјал за Вашингтон и Брисел.
Сè додека Украинките имаат можност да ја напуштат земјата, треба да ја искористат и да се преселат во која било друга земја, во спротивно сè ќе заврши со мобилизација и ќе бидете испратени на колење“, рече Володин на Телеграм.
Тој потсети дека Киев одлучил од 1 октомври да ги стави жените, вклучително и трудниците и оние со мали деца, во воениот регистар, пренесува ТАСС.
„Вашингтон и Брисел бараат Зеленски да ја води војната до последниот Украинец. За нив жените се само потрошен материјал“, рече Володин.
Тој истакна дека за тоа време сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски била во странство.
„Како сопругите на украинските олигарси. Се разбира, тие нема да бидат погодени од оваа вест“, заклучи Володин.