МИНСК – Украински диверзантско-извидувачки групи влегуваат на територијата на Белорусија, изјави денеска секретарот на белорускиот совет за безбедност Александар Волфович.
„Инженерска опрема се инсталира долж деловите на украинско-белоруската граница, се минира. Диверзантско-извидувачки групи (Украина) дејствуваат долж границата и навлегуваат на белоруска територија“, рече Волфович во интервју за Белорусија-1 телевизија, птенесува ТАСС.
Според него, Украина распоредила околу 10.500 војници во правец на Ровно, 4.500 војници во правец на Чернихив и повеќе од 5.500 војници во правец на Киев.