Свет

Вонредна состојба во Њујорк. И доларите под карантин

Њујорк  – Американската федерална резервна банка ( FED)  воведе минимален карантин од 7 до 10 дена за книжните долари со потекло од Азија, како превентивна мерка, известува Блумберг.

Foto: Depositphotos/Anton_Petrus

Според портпаролот на Централната банка на САД, мерката е воведена и покрај тоа што коронавирусот главно се пренесува преку контакт меѓу луѓето, јавува њујоршката агенција.

Според ФЕДА, централната банка е подготвена да го измени својот пристап бидејќи Центарот за контрола на болести и Стејт департментот дополнително идентификуваат ризични земји, пишува Блумберг.

Гувернерот, пак,  на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо, денес прогласи вонредна состојба во борбата против новиот коронавирус.

Ilustracija: EPA-EFE/JUSTIN LANE

„Регистриравме 21 нови случаи, а вкупно 76 лица се заразени во државата Њујорк“, рече Куомо, додавајќи дека десет пациенти се хоспитализирани.

Според него, вонредната состојба овозможува забрзани процедури за набавка на антивирусна опрема, како и дополнително регрутирање на персоналот.

Гувернерот Ендру Куомо, кој порано бил  обвинител, рече дека му е пренесено дека шише асепсол или друг дезинфициент се продава за 80 долари. Тој ги предупреди трговците да не ги зголемуваат цените и додаде дека за време на вонредна состојба, незаконски е да се профитира од недостигот на некои производи.

Борбата против вирусот веројатно ќе ја чини државата Њујорк околу 30 милиони долари неделно, изјави Куомо.

На сојузно ниво, повеќе од 200  луѓе во САД се заразени од корона вирусот, од кои 19 починале од вирусна пневмонија.

Related posts

Leave a Comment