ЛИЦАТА кои со оружје во рацете ја напаѓаат руската армија во Украина, самите ќе станат мета. Ќе им биде возвратено со оган.
Ова денеска го изјави прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, одговарајќи на прашањето за дистрибуција на оружје на граѓаните на Украина. Тој го коментираше новиот украински закон, кој им дозволува на сите жители на земјата да користат оружје за време на вонредна состојба.
– Ако се сеќавате, од самиот почеток претседателот Путин ги повика сите да го положат оружјето, рече Песков, цитиран од РИА Новости.
– Затоа, се разбира, доколку некој ја нападне нашата армија со оружје во рацете, секако дека ќе стане мета, рече Песков.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон со кој им се дозволува на сите Украинци да користат оружје за време на вонредната состојба. Така, Зеленски им дозволи на цивилите во Украина да пукаат во руските војници.