Свет

ВО ЖАЛБАТА И ПЛАНОВИТЕ НА ЦИА ЗА УБИСТВО НА АСАНЖ: Братот на основачот на Викиликс откри што пишува во документот што ќе биде доставен до судот

Assange's brother Gabriel Shipton speaks to the WSWS: “The CIA plan to  kidnap Julian is continuing under a veil of legality” - World Socialist Web  Site

Шиптон Асанж, брат на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, денеска изјави дека жалбата на правниот тим на Асанж до Високиот суд во Лондон против одлуката за негова екстрадиција во САД ќе вклучи нови информации кои претходно не биле доставени до судовите, вклучително и наводите за минатогодишното негово планираноубиство.

– Жалбата најверојатно ќе биде поднесена неколку дена пред истекот на рокот и ќе содржи нови информации кои досега не можевме да ги донесеме на суд. „Информации за тоа како адвокатите на Џулијан биле шпионирани и како се ковани заговори за неговото киднапирање и убиство од страна на ЦИА“, рече Шиптон во интервју за Ројтерс.

Тој мислеше на извештајот на Yahoo News од септември 2021 година за наводните планови на САД да го киднапираат или убијат Асанж додека се криел во амбасадата на Еквадор во Лондон.

ЦИА одби да го коментира извештајот.

Претходно денеска британската министерка за внатрешни работи Прити Пател одобри екстрадиција на основачот на Викиликс во САД.

Британското МВР во соопштение наведува дека Асанж има рок од 14 дена да поднесе жалба на оваа одлука, а Викиликс најави дека тоа ќе го стори.

– Во овој случај, судовите во Обединетото Кралство не ја оценија екстрадицијата на Асанж за репресивна, неправедна или навредлива, ниту пак утврдија дека екстрадицијата би била некомпатибилна со неговите човекови права, вклучително и неговото право на правично судење и слободата на изразувањ во САД, вклучително и медицинска нега, се вели во соопштението на британското Министерство за внатрешни работи.

Тој може да поднесе жалба до Високиот суд во Лондон, кој мора да одобри продолжување на жалбената постапка.

На крајот треба да се жали до Врховниот суд на Велика Британија, но доколку жалбата биде одбиена, тој мора да биде екстрадиран во рок од 28 дена.

Соединетите Држави го обвинуваат Асанж за 18 точки од обвинението, вклучително и шпионирање и хакирање државни компјутери, како и објавување на стотици илјади доверливи документи, кои, како што тврдат, загрозиле човечки животи.

За тие дела тој може да се соочи со казна затвор до 175 години.

Related posts

Leave a Comment