Лидерот на италијанската опозициска Демократска партија, Никола Цингарети, изјави денеска дека му кажал на претседателот Серџо Матарели дека неговата партија е подготвена да се обиде да формира влада со движењето Пет ѕвезди.
Тој по разговорите со Матарели рече дека неговата партија е подготвена да го прифати кандидатот на Движењето, Џузепе Конте, за премиер, пренесува Ројтерс.
Поранешните „лути противници“ Демократската партија и Движењето Пет Sвезди започнаа преговори за формирање коалиција откако алијансата меѓу Движењето и Лигата, предводена од Матео Салвини, се распадна.