Македонија

Во Собранието не помина укинувањето на Пржинската Влада

Конституирано Собранието – потврдени мандатите на новите 120 пратеници |  Meta.mk

 

Денеска во Собранието со 32 гласови „За“ и 55 гласови „Против“ не беше прифатен предлогот на пратениците за по скратена постапка да се донесе Законот за изменување на Законот за Влада, односно укинување на Пржинската Влада.

Имено, со предлогот за изменување на законот за Владата се тргаат одредбите кои се однесуваат на начинот на функционирање на владата, или т.н. Пржинска влада.

Инаку, владејачките партии начело се изјаснија дека се за укинување на техничката влада, но дека тоа треба да се направи со консензус на партиите, додека пак против предлогот за укинување на Пржинската влада се од опозициската Алијанса за Албанците.

Според нив Пржинската влада не ја достигнала целта за која што се донесе и затоа се со став дека таа треба да остане.

Related posts

Leave a Comment