Свет

Во тек е евакуација на украинските војници од Азовстал

 Rusi evakuišu ukrajinske vojnike iz čeličane Azovstalj

Пет автобуси со војници од фабриката за челик Азовстал пристигнаа во градот Новоазовск кој е под руска контрола доцна во понеделникот.

264 украински борци се евакуирани од фабриката за челик Азовстал , потврди заменик-министерката за одбрана на Украина, Ана Малиар , а украинската армија објави дека продолжуваат напорите за спасување на преостанатите борци од фабриката.

Малиар рече дека 53 тешко повредени борци биле однесени во градот Новоазовск под контрола на проруските бунтовници. Уште 211 борци се евакуирани со хуманитарен коридор на друга локација исто така контролирана од бунтовниците, Оленивка, пишува Би-Би-Си.

Таа додаде дека ослободените украински војници ќе бидат разменети за заробени руски војници.

Десетина автобуси со украински војници од Азовстал ја напуштија фабриката во понеделникот, објави Ројтерс.

Пет автобуси со војници од фабриката за челик Азовстал пристигнаа во градот Новоазовск кој е под руска контрола доцна во понеделникот, изјави сведок на Ројтерс.

„Се надеваме дека ќе можеме да ги спасиме животите на нашите момчиња“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски  во видео обраќањето во понеделникот вечерта.

„Меѓу нив има тешко повредени. Им се помага. На Украина и требаат живи украински херои“, рече тој.

Продолжуваат напорите за спасување на преостанатите борци во фабриката за челик Азовстал, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили.

„Со цел да се спасат животи, целиот гарнизон на Мариупол ја спроведува одобрената одлука на Врховната воена команда и се надева на поддршка од украинскиот народ“, објави Азовскиот полк на социјалните мрежи.

Наводно, уште околу 600 војници се наоѓаат во фабриката за челик во Мариупол.

Претходно министерството за одбрана на Руската Федерација и властите на ДНР соопштија дека ќе им овозможат на повредените украински војници да го напуштат упориштето и да одат во болницата во Новоазовск.

Новоазовск е мал град на околу 40 километри источно од Мариупол, кој е контролиран од милициските сили на Народна Република Доњецк. Евакуираните војници очигледно ќе останат во притвор на отцепената република, која Русија ја призна како независна држава пред да го започне нападот против Украина кон крајот на февруари.

Азовстал служи како последен бастион на украинските трупи во Мариупол, главен пристанишен град во кој беа забележани некои од најинтензивните борби за време на руската офанзива во Украина. Огромниот објект има широка мрежа од подземни тунели и засолништа, каде што се засолнија украинските борци.

Русија одлучи да не упадне на локацијата, велејќи дека тоа ќе одземе премногу животи на нејзините војници и наместо тоа се одлучи за продолжена опсада. Украинските војници стационирани таму, од кои многумина припаѓаат на контроверзниот националистички баталјон Азов, со недели се жалат на недостиг од храна, медицински материјали и муниција.

Related posts

Leave a Comment