Свет

Во Украина убиен американски платеник

Американскиот платеник, 22-годишниот поранешен маринец Џозеф Кансел е убиен во Украина.Смртта на американскиот платеник кој замина да се бори во Украина кон средината на март ја пријави неговото семејство, а информацијата за смртта на еден американски државјанин ја потврди и Стејт департментот.

Во исто време, роднините на Кансел (ги оставил мајка си, сопругата и 7-месечното дете во САД) биле известени дека телото на поранешниот маринец не е пронајдено.

Во контекст на смртта на американски државјанин во Украина, Стејт департментот соопшти дека силно препорачува Американците да не патуваат во Украина, а оние што се таму треба „веднаш да ја напуштат земјата користејќи го достапниот копнен транспорт“.

Related posts

Leave a Comment