Режимот на КИЕВ практично целосно ја изгуби контролата над управувањето со државата, а националистичките баталјони, кои во суштина се нацисти, во моментов беснеат во повеќето градови, изјави шефот на Националниот центар за управување со одбраната на Русија, Михаил Мизинцев.
Како што рече, управата на цела низа градови во Украина веќе не е во состојба да решава елементарни социјално-административни прашања.
– Единственото нешто што Киев успеа да го спроведе на прилично организиран начин е да дистрибуира огнено оружје на членовите на различни радикални групи без никакви ограничувања – нагласи тој.
Катастрофалната хуманитарна ситуација е присутна во поголемиот дел од Украина со тенденција на влошување, најтешка е ситуацијата во Киев, Харков, Сума, Чернигов и Мариупол, изјави началникот на Центарот за контрола на националната одбрана на Руската Федерација, генерал полковник Михаил Мизинцев.
Во врска со тоа, рече тој, Русија има намера да спроведе 35 хуманитарни акции во регионите Киев, Суми, Харков и Керсон, како и во Народните републики Доњецк и Луганск и планира да дистрибуира 280 тони помош.