Регион

Во Црна Гора само 34 отсто од населението е соодветно вакцинирано

Во Црна Гора, само 34 отсто од населението е соодветно имунизирано 1

Во Црна Гора 34 отсто од вкупното население, односно 40 отсто од возрасните се соодветно имунизирани против коронавирус, изјави директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ на прес-конференција по повод презентирањето на новите мерки.

Галиќ објасни дека терминот се однесува на бројот на луѓе кои примиле соодветен број дози вакцини во претходните шест месеци.

Официјалната статистика покажува дека во Црна Гора досега се дадени 288.086 први дози, 279.439 втори дози од вакцината, а третата доза ја примиле 93.218 граѓани.

Но, кај одреден број вакцинирани лица поминале повеќе од шест месеци од втората доза, така што има значително помалку соодветно вакцинирани лица.

„Без разлика што имаме поголем опфат на вакцинирани со две и три дози, но таа имунизација важи, односно дека се заштитени со вакцината – тоа се 34 отсто од населението“, рече Галиќ.

Тој рече дека само оние што ќе се вакцинираат ќе придонесат за крај на пандемијата, па повторно ги повика граѓаните да се вакцинираат.

Поради поповолната епидемиолошка состојба, Владата на Црна Гора дополнително ги либерализира мерките во борбата против коронавирусот, кои ќе бидат на сила од 18 февруари до 4 март.

Така, дозволено е одржување на свадби, родендени и други приватни прослави со поседување на потврди за Ковид и со обезбедување на простор од 10 метри квадратни по лице.

Фирмите и претприемачите кои вршат угостителска дејност во угостителски објекти (ресторани, кафулиња, кафетерии, хотелски ресторани и сл.) можат да организираат работа во периодот од седум до еден час по полноќ со поседување на потврди за ковид. Музичка програма, и во живо и со музика која се емитува од звучниците, е дозволена во текот на целото работно време.

Related posts

Leave a Comment