Во напад на џихадистите во северниот дел на Буркина Фасо загинаа 35 цивили, повеќето од нив жени, соопшти претседателот Рок Марк Кристијан Каборе.
Во судир со безбедносните сили загинаа 80 џихадисти,
„Херојската акција на нашите војници овозможи неутрализирање на 80 терористи. Овој варварски напад резултираше со смрт на 35 цивили, повеќето од нив жени“, рече Каборе.
Во судир во градот Арбинда во близина на границата со Мали, загинаа и седуммина припадници на безбедносните сили.
Џихадистичките напади се вообичаени во областа.