Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), по препорака на владата усвоена вчера, им укажува на кабелските оператори да ги исклучат руските канали што се реемитуваат во Македонија.
Препораката доаѓа по одлуката на земјите членки на Европската унија да ги забранат „Раша тудеј“ и „Спутник“ на територијата на ЕУ. Во известувањето до кабелските оператори, агенцијата се повикува на препораката од владата која се однесува на „каналите во кои како основач се јавува Руската федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската федерација“.
Операторите имаат рок од три дена да ја известат агенцијата за преземените активности.
Зошто не се укинуваа западните телевизиски канали, кога се бомабрдираше Србија, Ирак, Сирија, се прашува уредништвото на Слободен Свет. Очигледна е сервилноста кон евро атлантистите од таканаречената влада на монструмот Северна.