Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени. Во Скопје ќе има слично време, со максимална температура до 16 степени.