Свет

Врховен суд на Полска: Можно е заминување од ЕУ заради реформите во судството

Ilustracija: EPA-EFE/Marcin Bielecki

Полска би можела да ја напушти Европската унија поради плановите на владејачките националисти да овозможат судиите да бидат отпуштени од работа доколку се сомневаат во легитимноста на реформите во владата, соопшти Врховниот суд на земјата.

Во изјавата се посочува дека плановите на владата се спротивни на европските закони и ги засилуваат постојните тензии меѓу Брисел и владејачката полска партија Закон и Правда (ПИС).

“Спротивностите помеѓу полските и европските закони веројатно ќе доведе до интервенција на институциите на ЕУ во врска со прекршување на договорот во рамките на Унијата и на подолг рок тоа ќе доведе до тоа Полска да ја напушти ЕУ,” истакнува Врховниот суд, пренесува Ројтерс .

Во изјавата се вели дека предложениот закон е очигледно подготвен за да му овозможи на претседателот Анджеј Дуда, сојузник на ПИС, да назначи нов претседател на Врховниот суд пред претседателските избори во мај 2020 година.

ЕУ го обвини ПИС за политизација на судството од моментот кога партијата дојде на власт во 2015 година.

Партијата, сепак, тврди дека реформите се неопходни за да се направи правосудниот систем поефикасен.

Според нацрт-законот, кој е во собраниска процедура, судиите се спречени да одлучуваат дека нивните колеги, предложени од комисија назначена од владејачката партија, не се независни.

Брисел во понеделникот соопшти дека ќе испита дали предлог-законот ја нарушува независноста на судството во Полска.

Related posts

Leave a Comment