Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека постапил согласно проценките на безбедносните тела и граѓаните на Шид и ја испратил Воената полиција во тој град.
Вучиќ за ТВ Прва изјави дека ќе ги заземе сите три пункта за мигранти и ќе обезбеди сигурност.
„Не можам да кажам дека се случува извршување на најстрашни дела, туку ситни кражби и упади на туѓи имоти“, објасни Вучиќ.
Тој додаде дека мигрантите упаѓаат по нивите и шталите и дека тоа мора да се спречи.
„Нема драма, не им е лесно на луѓето во Шид, но во поширок контекст ова не е премногу тешка задача за нашите единици“, рече тој.