Руски „Гаспром“ објави видео на кое и се заканува на Европа со недостиг на гас оваа зима. Имено, на видео кое кружи на социјалните мрежи се гледа како работник го исклучува доводот на гас, а барометарот покажува дека притисокот паѓа на нула.
Во позадина на спотот е песна на познатиот руски поет Јуриј Визбор, а верзијата што се појавува во спотот ја пее неговата внука Варвара Визбор.
Видеото вклучува и снимки од Брисел, Берлин, Париз и Лондон под снег и мраз, како и знамињата на Европската унија.
Gazprom releases a new video showing how cold winter in Europe will be👇 pic.twitter.com/VhbwhqdHKk
— UkraineWorld (@ukraine_world) September 5, 2022