Економија

Гаспром ја намали испораката на гас за ЕУ: Паниката расте, грејната сезона се приближува

Продолжуваат проблемите во снабдувањето со природен гас до европските капацитети за складирање – како што течниот (ЛНГ) гас пронајде други пазари во последните месеци поради повисоките цени што можат да ги добијат добавувачите отколку на европскиот пазар, така и на дасот што доаѓа од постојните гасоводи од Русија. 

Имено, поради студената и долга зима, подземните капацитети за складирање гас се испразнија на рекордно ниво не само во Европа, туку и во Русија, а рускиот енергетски гигант „Гаспром“ секогаш дава приоритет на пополнување на руските, се разбира – при тоа и исполнување на сите постоечки договорни обврски за испорака на гас за европските земји.корисници.

Меѓутоа, европските потреби за гас сега се зголемија бидејќи капацитетите за складирање се рекордно празни, а грејната сезона тропа „на врата“, предизвикувајќи зголемена нервоза. Ако во сето ова ја вклучиме (гео) политиката и грижата што ЕУ ја презеде за да обезбеди енергетска стабилност на Украина, како транзитна земја за испорака на руски гас во Европа, проблемот, се разбира, изгледа уште посложен.

Она што сега ги теши ЕУ и Германија е фактот дека рускиот балтички гасовод Северен ток 2 наскоро ќе биде завршен (кон крајот на август) – истиот на кој многу членки на Унијата остро се спротивставија, а самиот Брисел „му подметна нозе „ставајќи го под одредбите на т.н. трет енергетски пакет на ЕУ (иако ова е многу контроверзна одлука со оглед на тоа што дизајнот и финансиската конструкција на гасоводот, како и почетокот на изградбата започнаа пред споменатиот „енергетски пакет“ во ЕУ, а на пример, Јужниот гасен коридор директниот конкурент на рускиот гас, преку кој стигнува азербејџанскиот гас од Каспиското Море во ЕУ) е исклучен од истиот „пакет“, што, накратко објаснето, не му дозволува сопственикот на гасоводот (во случајот со Северен тек 2 тоа е Гаспром) полнење на сопствеиотн гасовод во количини поголеми од 50% од капацитетот на гасоводот. Другата половина од капацитетот на гасоводот е наменет за други производители, односно добавувачи, што е целосно апсурдно бидејќи никој никогаш нема да го транспортира својот гас во рускиот Ленинградски регион, а потоа да го вбризга во цевките на Северен тек 2 за Германија, бидејќи тоа би било целосно непрофитабилно и спротивно на здравиот разум).

Но, Европската унија свесно се вклучи во високите геополитички игри, сакајќи на тој начин да ја „дисциплинира“ „одметнатата“ Русија, никако не сфаќајќи како таа нема соодветни алатки во своите раце за такво нешто, на кое што во моментов е многу свесна – не само во однос на енергетската проблематика, што сепак е една засебна тема.

А еве го најновиот пример што најдобро го потврдува сето ова:

„Гаспром“ од саботата 31 јули го намали вбризгувањето на гас во подземните складишта во Европа. Ова го потврдуваат податоците од порталот „ Gas Infrastructure Europe.“ Намалено е вбризгувањето во најголемите складишта во Европа што ги користи Гаспром – во Австрија (Хајдах), Германија (Реден), Холандија (Бергермер).

Related posts

Leave a Comment