Свет

Гебелсова пропаганда: Вознемирувачка реклама за вакцини ја тресе Австралија, жена се бори за живот на апарати за дишење(ВИДЕО)

Рекламата за вакцини против коронавирус, чие емитување го плати австралиската влада, предизвика бурни реакции во тамошната јавност, пренесува Би-Би-Си.

Владин оглас покажува помлада жена на респиратор како се обидува да дише и очигледно е во паника. Потоа, огласот го покажува следниот текст: „Ковид-19 може да погоди секој … резервирајте го вашиот термин за вакцинација“.

Лицемерно и погрешно

Критичарите велат дека овој владин оглас е насочен кон младите луѓе, што тие го сметаат за лицемерно и погрешно, имајќи предвид дека лицата на возраст под 40 години нема да бидат вакцинирани во Австралија до крајот на годината.

Здравствените услуги во Австралија, имено, препорачуваат помладите да чекаат вакцинација со вакцините „Фајзер“, наместо „АстраЗенека“, што е на залиха. Но, во Австралија нема доволно вакцини „Фајзер“, па помладите ќе мора да ги чекаат тие вакцини.

Овој оглас во моментов е прикажан само во Сиднеј, град кој неодамна влезе во третата недела на затворање поради ширењето на делта сојот на ковид. Австралиските власти денес известија за 112 нови случаи на инфекција, што го надмина бројот од 700 случаи од појавата на делта сојот, во средината на јуни.

Кампањата започна вчера

Контроверзниот оглас беше емитуван како дел од големата владина кампања наречена „Вооружи се“, која беше лансирана вчера.

„Сосема е навредливо да се емитува ваква реклама во време кога Австралијците од таа возрасна група сè уште чекаат на своите вакцини“, напиша новинарот на австралиската телевизија Хај Римингтон.

– Зошто им се обраќаме на младите? Зарем не треба да им се обраќаме на оние над 55 години, кои се двоумат околу вакцинацијата? – напиша еден австралиски корисник на Твитер за контроверзната реклама.

Отстранувањето на овој оглас од етерот беше побарано од голем број Австралијци, вклучително и здравствени работници.

Владата го брани рекламирањето

Но, владата застана во одбрана на рекламата.

„Рекламата е намерно вознемирувачка да се испрати силна порака за потребата да се остане дома, да се тестира и да се аплицира за вакцинација“, рече Пол Кели, водечки австралиски здравствен службеник.

Вчера австралиските здравствени власти ја забележаа првата смрт од појавата на делта – првиот ваков случај оваа година во таа земја.

Досега помалку од 10 проценти од населението во Австралија е вакцинирано.

 

 

 

 

 

 

Related posts

Leave a Comment