МИНХЕН – Министерот за економија на германската покраина Баварија Хуберт Ивангер има намера повторно да ги активира нуклеарните централи кои веќе се затворени.
Ивангер за „Deutschlansdfunk“ изјави дека сè што може да се приклучи сега треба да се поврзе на мрежата. Нуклеарната централа Гундреминген Ц во Баварија, која беше затворена на крајот на минатата година, има нуклеарно гориво кое би можело да произведува струја до август следната година. Исто така, според него, би можеле повторно да се активираат уште две нуклеарни централи кои се затворени.
За трите нуклеарни централи кои моментално произведуваат струја, Ивангер побарал продолжување на работниот век, пренесува весникот.