Само во периодот од април до крајот на јуни, во Германија се потрошени 3,4 милијарди евра за бесплатни тестови, кои се неопходни за невакцинираните лица да влезат во ресторани и дискотеки.
Германската влада се согласи да го укине бесплатното тестирање за вирусот корона, што, според медиумите, воведува индиректна обврска за вакцинација.
– Тоа не е обврска за вакцинација, туку прашање на правда – посочуваат во владата, а пренесува весникот Билд.
Министерот за финансии на СПД и кандидат за иден канцелар Олаф Шолц, како и баварскиот премиер Маркус Шредер, инсистираат на брзо укинување на бесплатните тестови.
Шолц рече дека поради напредокот во вакцинацијата, наесен ќе се укине бесплатното тестирање потребно за користење на одредени простори во слободно време.
Како што беше договорено, бесплатните тестови не се укинуваат само за деца кои не можат да се вакцинираат, додека сите други ќе треба да платат за нив.
Оддтука е лесно да се извлече паралела дека следен чекор би бил укинување на бесплатната вакцинација.