Германскиот уставен суд оцени дека антиковид-мерките се во согласност со законот, меѓу кои се полициски час, затворање на училиштата и забрани за контакт, што отвора можност владата да воведе нови заклучоци, пренесува „Гардијан“.
Пресудата беше донесена неколку часа пред средбата на канцеларката Ангела Меркел со мандатарот Олаф Шолц, како и со лидерите на 16 германски покраини, на тема дали да се заострат мерките поради зголемениот број пациенти.
Шефот на кабинетот на Меркел, Хелге Браун, за РТЛ изјави дека судската одлука ќе покаже по кој пат ќе оди државата.